• петок, 08 ноември 2024

Во Делчево заврши чистењето на четвртата од мапираните пет диви депонии

Во Делчево заврши чистењето на четвртата од мапираните пет диви депонии
Делчево, 29 септември 2022 (МИА) - Во Делчево заврши чистењето на четвртата од предвидените пет диви депонии, мапирани во Општина Делчево. Чистењето на депониите е во рамките на ЕУ-проектот „Затворање непрописни депонии/ѓубришта од Источниот и Североисточниот регион“ со кој е предвидено затворање на нестандардните и дивите депонии во регионот. Проектот се реализира преку Министерство за животна средина, а изведувач на работите е фирмата „Ескаватори“. -Досега се исчистени неколку депонии неѓу кои и депонијата за градежен шут Ралова Чука од која е транспортиран отпад од околу 16.000м3. Исто така исчистена е и депонија во село Град, депонијата под месноста Попов Мост, депонија кај село Тработивиште, а деновиве се очекува да се исчисти и депонијата кај мостот на улица „Индустриска“. Целта на оваа активност е да се исчистат дивите депонии и отпадот од нив да биде префрлен на градската депонија Острец, со што ќе се придонесе за почиста и поздрава животна средина и почист и поубав град, информираа од Општина Делчево. Оттаму уште еднаш апелираат до граѓаните за поголема свест и одговорност за животната средина и да не се создаваат диви депонии. Посебно се потенцира да не се фрла комунален отпад и градежен шут на депонијата Ралова Чука, туку граѓаните да го носат градежниот шут на градската депонија Острец или да пријават во ЈКП „Брегалница“. -Исто така, се информираат граѓаните дека ќе се зачестат контролите на критичните точки во Општината, посебно на депонијата за градежен шут Ралова Чука, додадоа од Општината напоменувајки дека за секој поединец или фирма кои ќе ја продолжат практиката за фрлање отпад на недозволиви места ќе се применат казнените мерки согласно со законската регулатива. За собирање на комуналниот отпад е надлежно Јавното комунално претпријатие „Брегалница" Делчево. вс/рп/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан