• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Битола премиера на кракти филмови „Биди ИН, сними филм“

Во Битола премиера на кракти филмови „Биди ИН, сними филм“

Битола, 3 април 2025 (МИА) - Јавната општинска установа Културно информативен центар-Битола викендов организра премиерно емитување на кратки филмови кои учествуваа во проектот „Биди ИН, сними филм“.

В сабота ќе биде премиерата на кратки филмови кои пристигнаа по првиот повик на кампањата за потикнување на филмската креатива кај младите битолчани, соопштија од ЈОУ КИЦ-Битола.

-Филмовите во овој повик беа тематски инспирирани од туристичка промоција на Битола, екологија и слободна тема. На овој начин Културен и информативен центара Битола, во чија надлежност е и Кино Манаки на Широк сокак, ја продолжува традицијата на создавање млада публика, како и идни сниматели, автори и филмски креативци во духот на браќата Манаки, соопштија од КИЦ-Битола.мт/са/

Фото: КИЦ Битола

 

Остани поврзан