• петок, 06 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Продаден штипскиот хотел „Гарни“

Продаден штипскиот хотел „Гарни“

Штип, 17 април 2025 (МИА) – Општина Штип го продаде хотелот „Гарни“, кој се наоѓа во централното градско подрачје, потврдува за МИА секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова. Инаку ова е втор обид за продажба на овој хотел и новиот инвеститор го купил за 15,5 милиони денари. Хотелот е купен од страна на фирмата „Памвеј инвест“ од Штип.

Хотелот „Гарни“ беше ставен двапати на продажба, а како културно наследство прво и се понуди на државата.

Новиот сопственик на хотелот е должен да го задржи самиот изглед на хотелот, како и неговата намена. Тој се наоѓа во централното градско подрачје во Штип, и од страна на државата е заштитен како прва категорија споменик на културата. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан