• четврток, 02 јануари 2025

Во Белгија од 1 јануари забрана за продажба на еднократни „вејпови“

Во Белгија од 1 јануари забрана за продажба на еднократни „вејпови“

Брисел, 30 декември 2024 (МИА) - Со цел да се заштитат младите, ќе биде забранета продажбата на еднократни „вејпови“, кои се фрлаат по употреба бидејќи нивните батерии не можат да се полнат и траат до пет дена кога се користи уредот.

Компанијата „Паф“ (Puff Bar), која произведува дел од тие уреди чија продажба ќе биде забранета, има широк спектар на вкусови - нане, јаболко, лубеница, кока-кола, бонбони од разни видови.

Забраната е дел од планот на Белгија за ограничување на пушењето и целта на Европската унија (ЕУ) до 2040 година да има генерација без тутун - тутун да консумира помалку од пет проценти од населението.

Експертите предупредуваат дека хроничното консумирање никотин е особено штетно за мозокот на адолесцентите. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан