Во Англија користат вештачка интелигенција во подготовките за ЕП 2024
- Селекторот на Англија, Герет Саутгејт веќе се потпира на моќта на новите технологии за обработка на податоци додека го подготвува својот тим за Евро 2024, што ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Лондон, 15 мај 2024 (МИА) - Селекторот на Англија, Герет Саутгејт веќе се потпира на моќта на новите технологии за обработка на податоци додека го подготвува својот тим за Евро 2024, што ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Откако стигна до финалето на Евро 2020, Англија сега се смета и како еден од претендентите за титулата. Но, од штаботе се задоволни што партнерството на Фудбалската асоцијација со „Гугл клауд“ му помага на Саутгејт да добие клучен увид во неговиот тим додека се подготвува за конечната одлука за тимот.
И за да се осигура дека идните Хари Кејн, Фил Фоден и Џуд Белингам нема да бидат пропуштени, ФА соработува со американската компанија за да создаде единствена база на податоци за извидување користејќи генеративна ВИ технологија. Саутгејт патува низ земјата за да ги гледа играчите во живо, но системот за профилирање на играчи, кој веќе е во функција, значи дека тој има моќна алатка на располагање.
-Сè повеќе се користи технологија и бази на податоци за да се изберат играчите. Тоа ни помага да имаме информирана одлука зошто избравме одреден играч, а не друг.Очигледно го гледаме секој играч на секој натпревар за нивниот клубски тим, прокоментира самиот менаџер на Англија, цитиран од медиумите на Островот.
Понатаму, тој додаде како анализата на податоците и технологијата и помагаат на Англија да ги исправи слабостите во тимот кои не се на врвно ниво. Анализата на податоците помага да се идентификуваат областите на тимот што може да се подобрат.
-Да речеме дека не постигнуваме толку многу голови од статични позиции колку што можеме. И се прашуваме зошто е тоа така, но потоа ги добиваме податоците собрани од 10 или 15 игри и тогаш почнувате да гледате модели на однесување. Дали преносот на играчите е правиле во овие ситуации, при лично покривање или во зона или мешана одбрана. Дали трчаме правилно, дали правилно играме човек на човек?, продолжи да објаснува Саутгејт.
И додека тој го поддржува ставот дека нема замена за добри фудбалски тренинзи, технологијата и користењето податоци сепак можат да им помогнат на тимовите да добијат предност во одредени натпревари.
-Мислам дека се работи за основното прашање - сакаш технологија или не. Едно време овие работи сè уште се забележуваа, но со хартија и пенкало. Но, тоа не беше ефикасно време. Сега имаме луѓе кои работат на овие специфики, поддршката тимовите се поголеми затоа што сите ја бараат таа предност на натпреварите, вели националниот селектор. дс
Фото: Архива