• петок, 08 ноември 2024

Воените трошоци ширум светот растат и покрај пандемијата

Воените трошоци ширум светот растат и покрај пандемијата
Стокхолм, 26 април 2021 (МИА) – И покрај пандемијата на коронавирусот, глобалните воени расходи минатата година се зголемиле на скоро два трилиони долари, покажуваат податоците на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот. Во 2020 година се потрошени 1.981 милијарда долари, што е зголемување за 2,6 проценти во споредба со 2019 година. Петте земји со најголеми расходи за одбрана се САД, Кина, Индија, Русија и Велика Британија. Тие учествуваат со 62 проценти од вкупните трошоци. Воените трошоци во Кина растат 26-та година по ред. Други земји, како Чиле и Јужна Кореја, префрлија дел од своите планирани воени буџети за борбата против пандемијата. Бразил и Русија потрошија многу помалку од првичните воени буџети за 2020 година. САД бележи раст трета година по ред, по седум години кратење на трошоците за одбрана. Нивниот удел во светот во 2020 година е 39 проценти. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан