• среда, 21 август 2024

Воена вежба на тајванската армија при што се употребени американски ракети

Воена вежба на тајванската армија при што се употребени американски ракети

Тајпеј, 20 август 2024 (МИА) – На денешната воена вежба на тајванската армија одржана во воената база Јуипенг, беа истрелани тајвански противбалистички ракети „Ски бов три“, американски „Патриот ПАЦ два“ и ракети земја-воздух „Стандард“.

Во соопштението на тајванскиот Министерство за одбрана се наведува дека сите ракети ги погодиле зацртаните цели, што е индикатор дека тајванската армија е „строга и силна“.

Кина засега не реагираше на воената вежба во јужен Тајван.

Изминатите години Кина, која го смета Тајван за своја територија, и ги засили своите воени закани.

Тајван купи високотехнолошки оружја од САД, ја ревитализираше својата индустрија за оружје и ја продолжи задолжителната воена служба од четири месеци на една година. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан