• четврток, 30 јануари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за скандалот со Онкологија бледо и бесрамно се обидува да се правда

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за скандалот со Онкологија бледо и бесрамно се обидува да се правда

Скопје, 28 јануари 2025

Филипче во паника и заглавен до гуша во скандалот со Онкологија бледо и бесрамно се обидува да се правда.

Филипче како министер за здравство дозволи системски башибозук и непочитување на 60 тина законски одредби.

Филипче треба да признае и да се извини затоа што не воспоставил систем, немало регистар, немало следливост на онколошката терапија, немало ништо освен системски хаос.

Филипче знае и фактите го потврдуваат тоа дека тие оставија долг од 12 милиони евра на Клиниката за онкологија, како и по неколку онколошки кризи меѓу кои и онаа познатата од септември 2023 година.

Филипче во паника се обидува да го брани профитот на веледрогериите кои ги уценуваат здравствените институции со години. Со години веледрогеријата Д-р Пановски книжи енормни заработки и ги уценува Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство.

Тоа е истата онаа веледрогерија сопственост на таткото на блиска соработничка на Венко Филипче. Тоа се истите оние веледрогерии кои преку уцените до здравствените институции ги крадат и во џеб на поединци ги ставаат парите на сите граѓани.

Јавното обвинителство не треба да молчи и треба да постапи во случајот со Онкологија.

Филипче треба да знае дека бегање од одговорност нема да има.

 

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан