• четврток, 30 јануари 2025

Презентација на резултатите од Анкетата за судски услуги во Скопје

Презентација на резултатите од Анкетата за судски услуги во Скопје

Скопје, 30 јануари 2025 (МИА) - Здружението на судии во соработка со Коалицијата „Сите за правично судење“ денеска ќе ги презентира резултатите од Анкетата за задоволство на корисниците на судските услуги, спроведена во декември 2024 година. 

Како што соопштуваат од Здружението на судии, на настанот што ќе се одржи во 13 часот во Основниот кривичен суд во Скопје, покрај презентација на резултатите од анкетата, ќе следи и дискусија за резултатите и идните активности на ЗСРСМ во соработка со меѓународните организации и невладиниот сектор во земјата. 

Поздравно обраќање и вовед за идејата и потребата од изработка на тематската анкета ќе има Иван Џолев, претседател на ЗСРСМ. Методологијата за изработка на Анкетата за задоволство на корисниците на судските услуги ќе ја претстави Ивана Петковска, програмска координаторка на КСПС, а резултатите од анкетата ќе ги презентира Дарко Аврамовски, извршен директор на Коалицијата. ар/бак/

Фото:МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан