• сабота, 13 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Чадиева од СДС преку Второстепена комисија го врати на работа

ВМРО-ДПМНЕ: Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Чадиева од СДС преку Второстепена комисија го врати на работа

Скопје, 21 август 2025

Панче Тошковски го суспендираше командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС претседател на Второстепена комисија, бивш претседател на СДС Велес го врати на работа, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Панче Тошковски на 16.02.2024 носи решение за суспендирање. Даница Чадиева на 22.04.2024 го враќа на работа со Решение на Второстепена комисија.

МВР постапува по решение на Второстепена комисија која ја води Чадиева од СДС.

Многу се бледи обидите на СДС, прво поставуваат деликвент на место командир, доаѓа ВМРО-ДПМНЕ го суспендира, потоа нивен кадар го спасува, а тие вперуваат прст кон ВМРО-ДПМНЕ. Зарем во СДС мислат дека народот нема поимање од ништо? Зарем толку го потценуваат народот и мислат дека вакви евтини конструкции ќе поминат во етер како вистина?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан