• сабота, 21 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДС како раштиман оркестар две недели повторува едно исто соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: СДС како раштиман оркестар две недели повторува едно исто соопштение

10 октомври 2024

СДС како раштиман оркестар две недели повторува исто партиско соопштение и се занимава со апсурди наместо да си ја консолидираат и така демолираната партија

СДС како раштиман оркестар две недели повторува едно исто соопштение.

СДС е до толку демолирана партија што се обидува да ја манипулира јавноста  со теми кои се веќе анализирани, образложени и надминати.

СДС се дефокусирани, расеани и исплашени од Божиновска, поради тоа што почна да открива каков се криминал правеле СДС во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО.

СДС дефокусираат поради тоа што 7 години катастрофално се справуваа и не ги решаваа проблемите во енергетиката. СДС не донесе странски директни инвестиција во енергетиката.

СДС лажеше дека владата ги субвенционира сметките за струја, за на крај да излезе дека 60 милиони евра од Владата кон ЕВН не се платени.

Небулозни се соопштенијата на СДС, во време  на СДС и ДУИ 7 години од МЕПСО парите наместо за енергетската мрежа се трошеа за донации и спонзорства на фитнес клубови.

Во време на СДС и ДУИ единствени инвестиции беа фамилијарните бизниси со фотоволтаици, каде државно земјиште им се продаваше по багателни цени на членови од фамилијата на највисоките структури на власта.

Заврши времето кога на седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски се доделуваше државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од едно евро за метар квадратен.

Заврши времето кога камиони со струмички таблици вртеа во РЕК Битола.

Заврши времето на криминалот и корупцијата во енергетиката.

Време е за инвестиции во енергетскиот сектор, време е за инвестиции во обновливи извори на енергија. За разлика од СДС владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште во првите 100 дена  донесе нова инвестиција, нов ветерен парк тежок 500 милиони евра помеѓу Штип, Радовиш и Карбинци.

Неспособноста заврши со нив.

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан