ВМРО-ДПМНЕ:Фактот што нема постапка за извршителите на Заеви во судството, говори за тоа колку Коцевски е слуга на СДС и Заев
- СООПШТЕНИЕ -

Скопје, 19 февруари 2025
СДС го брани Љупо Коцевски затоа што не отвори постапки за извршителите на човекот на Зоран Заев, Наќе Георгиев кој постапи по неговите наредби во случајот со Боро Марлборо.
Ако Љупчо Коцевски работеше по закон, по признанието на вина од страна на поранешниот член на Судски совет и врховен судија, Наќе Георгиев дека влијаел за пресудување на помала казна за Боро Марлборо, за што се стекнал со имотна корист, ќе отвореше истрага за судиите и обвинителите во тој случај. Ако Наќе Георгиев примил поткуп и влијаел, тогаш судиите во предметот суделе по налог на Наќе Георгиев, а не по закон.
Самиот факт што нема постапка за извршителите на Заеви во судството говори колку и самиот Љупчо Коцевски е извршител на СДС и Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива