• среда, 27 ноември 2024

Владина делегација положи цвеќе на споменикот на светите браќа Кирил и Методиј во кампусот на УКИМ

Владина делегација положи цвеќе на споменикот на светите браќа Кирил и Методиј во кампусот на УКИМ
Скопје, 20 мај 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски ја предводеше делегацијата на Владата, во чиј состав беа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за правда Никола Тупанчевски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани, кои положија цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Како што информира владината прес-служба, венци со цвеќе пред споменикот денеска положија и делегација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, делегација на Собранието, делегација на Кабинетот на претседателот Пендаровски, делегација на Сојузот на борците, делегација на Армијата на Република Северна Македонија, делегација на Град Скопје и делегација на дипломатскиот кор акредитиран во земјава. Со оваа активност почнаа чествувањата од програмата за одбележување на државниот празник 24 Мај – Ден на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, патрони на УКИМ и светители на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, кои со своето дело за ширење на христијанството и јазиците на словенските народи, денеска се празнуваат и чествуваат во повеќе европски земји.Централните настани по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, како и секоја година традиционално, ќе се одржат на 23 и 24 мај во Ватикан и во Рим со аудиенцијата на делегацијата на Република Северна Македонија кај папата Франциск на Светата Столица, која оваа година ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, со молебенот на гробот на св. Кирил во црквата „Сан Клементе“ во Рим и со пригодни културно-уметнички содржини во главниот град на Италија.  мд/лв/

Остани поврзан