• сабота, 22 март 2025

ВИ: Иднината на временската прогноза

ВИ: Иднината на временската прогноза

Лондон, 21 март 2025 (МИА) - Индивидуален истражувач со персонален компјутер ќе може да испорача точни временски прогнози користејќи нов пристап за временската прогноза со вештачка интелигенција (ВИ), наречен „Ардварк ведер“ (Aardvark Weather). Овој метод е повеќе од 10 пати побрз и користи илјадници пати помала компјутерска моќ од досегашните системи, според ново истражување на Универзитетот во Кембриџ.

Како што пренесува „Индепендент“, ВИ-порталот „Ардварк ведер“ обезбедува план за замена на целиот процес со вештачкоинтелигентно на необработени податоци од метеоролошките станици, сателити, метеоролошки балони, бродови и авиони од целиот свет.

Ова нуди потенцијал за огромни подобрувања во брзината, точноста и трошоците за прогнозирање, според истражувањето на научниците од Кембриџ, „Мајкрософт“, Институтот „Алан Тјуринг“ и Европскиот центар за прогноза на временски услови со среден опсег.  си/

Фото: „Индепендент“, фотоисечок

Остани поврзан