• петок, 21 март 2025

Аеродром среде природа на островот Кох Самуи, Тајланд

Аеродром среде природа на островот Кох Самуи, Тајланд

Бангкок, 20 март 2025 (МИА) - За љубителите на патувања, Аеродромот „Самуи“ на островот Кох Самуи, Тајланд, може да биде малку поинакво искуство, споредено со другите аеродроми во светот. Како што пишува порталот „Експрес“, овој аеродром важи за еден од најдобрите и најубавите во светот, поради своето егзотично-релаксирачко опкружување со зеленило и природа.

Инаку, аеродромот „Самуи“ е во приватна сопственост на авиокомпанијата „Бангкок ервејс“. Се наоѓа на северниот дел на островот - близу плажата Бо Пхут. Изградбата почнала во 1982., а официјално е отворен во април 1989 година. Аеродромот, меѓу другото, има отворен простор за чекање, со вреќи за седење и лулашки поставени на голема зелена површина. Патниците може, уживајќи во свежи коктели, да гледаат авиони како полетуваат без оград до пистата.

И патувачката „блогерка“ Џесика Џејн даде своја рецензија за овој тајландски аеродром.

- Ова е најдобриот аеродром во светот каде што можете да пиете свежа кокосова вода од кокос додека се ладите на торби за одмор и гледате како авионите полетуваат. Ова мора да е едно од најдобрите аеродромски искуства што сум ги имала, рече таа.

Ѝ се допаднале, имено, угостителските објекти што се наоѓаат во рамките на аеродромот, а забележала дека има и шалтер за услуги каде што може да се набави бесплатна храна и пијалаци, вклучувајќи грицки, колачиња, кафе и сок.  си/ми/

Фото: Јутјуб

Остани поврзан