Вечерва во Дебар трибина за важноста на семејството: меѓурелигиски дијалог
- Здружението за заштита и негување на културните вредности „Рајчица“, во соработка со општина Дебар, во рамки на проектот за поддршка на соживотот во регионот, вечерва организира трибина за важноста на смејството-меѓурелигиски дијалог.
Дебар, 9 ноември 2024 (МИА) - Здружението за заштита и негување на културните вредности „Рајчица“, во соработка со општина Дебар, во рамки на проектот за поддршка на соживотот во регионот, вечерва организира трибина за важноста на смејството-меѓурелигиски дијалог.
Трибината која е прва од ваков вид, е во рамки на низата планирани на тема „Семејството: стожер на љубовта и општествениот развој“, ќе со одржи во Националната установа Центар за култура-Дебар, со почеток во 18 часот.
Во дискусијата, со благослов на епископот Антаниски г. Партениј, учество ќе земат двајца претставници од бигорската и раичката монашка заедница, архимандрит Кирил и монахињата Ефимија, кои заедно со Сумеа Рамадани и имамот Орхан ефенди Зенго, ќе го дадат својот придонес кон дебатите на оваа значајна современа тема.
-Ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат на овој настан, кој за првпат на исто место и во исто време ќе ги собере претставниците и гостите од двете верски заедници, православната и исламската. Целта е да се чујат нивните позиции за важноста од поддршката на традиционалното семејство во современ контекст, рече за МИА, сестра Ефимија.
На трибината најавено е присуство на градоначалникот Хекуран Дука, епископ Антаниски г. Партениј и дебарскиот муфтија Решат Качалнику. вт/сст/