• недела, 15 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско

Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско

Штип, 13 март 2025 (МИА) - Во Штип се одвива голема акција на Шумската полиција против дивата сеча, објави на својот Фејсбук профил, заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој напиша дека акцијата се спроведува од раните утрински часови.

-Со акцијата лично раководеше Митко Костадиновски, началникот на Шумската полиција на Македонија. Во оваа акција учествуваа шумски полицајци од ШПС Гевгелија, ШПС Валандово, ШПС Велес и ШПС Радовиш. Во акцијата на лице место се заловени поголема група дрвокрадци, за кои се поднесени соодветни пријави, одземени се повеќе возила кои се затекнати како превезуваат незаконски посечени дрва и други средства со кои е вршена незаконската сеча, вели Михаилов.

Тој додава дека се претпоставува дека станува збор за истите луѓе кои пред извесно време направија огромни штети на боровите култури во штипско.

-Акцијата за справување со дрвокрадците ширум цела Македонија ја продолжуваме со уште посилно темпо, напиша на својот фејсбук профил, Михаилов. вдј/фф/

Фото: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан