• понеделник, 18 ноември 2024

Вестбрук ги демантираше информациите за конфликтот со Харден

Вестбрук ги демантираше информациите за конфликтот со Харден
Хјустон, 14 ноември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Хјустон рокетс, Расел Вестбрук ги демантираше информациите на новинарот Стивен Еми Смит за наводен негов конфликт со првата ѕвезда на „ракетите“, Џејмс Харден. Смит најави и можно заминување на Вестбрук од Хјустон. -Ова е целосно измислена информација. Добра ноќ на сите! - напиша Вестбрук под објавата на новинарот Смит од „ЕСПН“ на Инстаграм. Претходно беше објавено дека 32-годишниот Американец е незадоволен од тоа како тече неговата кариера во Хјустон и дека не сака да игра со Харден. зс/

Остани поврзан