Верстапен не верува на победа на Ред Бул во првата трка за сезоната во Австралија
- Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен прогнозира дека најверојатно нема да ја започне со победа новата сезона, која започнува на патеката во Мелбурн.

Мелбурн, 7 март 2025 (МИА) - Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен прогнозира дека најверојатно нема да ја започне со победа новата сезона, која започнува на патеката во Мелбурн.
Ред Бул забележа најмалку кругови на претсезонските тестирања во Бахреин, а настапот на поранешните светски шампиони не беше доволно убедлив.
-Има уште многу да се работи. Ако ги погледнеме резултатите од Бахреин, Мекларен е фаворит, а кај нас тестовите не поминаа особено мазно. Од друга страна, имаме идеи како да ги подобриме перформансите на нашиот нов автомобил. Работев многу на симулаторот, разговаравме за многу работи со тимот. Мислам дека нема да победиме во Мелбурн, но се надевам дека во следните неколку трки тимот ќе напредува. Брзината никогаш не е доволна, но очекувавме повеќе од новиот болид. По тестовите имавме време да анализираме сè и како што реков, има што да се подобри, објасни Верстапен. дс
Фото: Архива