• петок, 05 декември 2025

Роналдо вели дека претпочитал да се одмори отколку да игра на Светското клупско првенство

Роналдо вели дека претпочитал да се одмори отколку да игра на Светското клупско првенство

Ријад, 29 јуни 2025 (МИА) -  Кристијано Роналдо избрал да се одмори наместо да игра на обновеното Светско клупско првенство, изјави португалскиот интернационалец откако го обнови договорот со Ал-Наср.

Саудискиот клуб во четврток објави дека Роналдо потпишал двегодишен договор што ќе го задржи во клубот и по неговиот 42-ри роденден.

Шпекулациите за плановите на фудбалерот се засилија минатиот месец кога претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека се водат разговори за Роналдо да игра на Светското клупско првенство, и покрај тоа што Ал-Наср не успеа да се квалификува.

Имав неколку понуди да играм на Светското првенство, но не мислам дека имаше смисла бидејќи претпочитам добро да се одморам, добро да се подготвам, бидејќи следната сезона ќе биде многу долга поради Светското првенство на крајот од годината, рече Роналдо во видео објавено од Ал-Наср на социјалната мрежа X.

Роналдо постигна гол за Португалија во финалето на Лигата на нации против Шпанија претходно овој месец, кое заврши 2-2 пред неговиот тим да ги победи европските шампиони на пенали.

Капитенот на Португалија рече дека неговата цел да остане во Ал-Наср е да освои голем трофеј со тимот од Ријад.

-Мојата цел е секогаш да освојам нешто големо со Ал-Наср. И секако, сè уште верувам во тоа. Затоа го обновив договорот за уште две години бидејќи верувам дека ќе бидам шампион во Саудиска Арабија, додаде Португалецот.

Роналдо, кој се приклучи на Ал-Наср во 2022 година откако го напушти Манчестер Јунајтед како слободен агент, постигна 93 гола на 105 натпревари за тимот во сите натпреварувања. Тој исто така се стреми кон гол број 1.000 во својата кариера. Роналдо постигна 794 гола во клупскиот фудбал и 138 за Португалија, со што неговиот вкупен број достигна 932.

„Сакам да останам бидејќи верувам во проектот, не само во следните две години, туку до 2034 година, кога Светското првенство ќе биде во Саудиска Арабија. Верувам дека тоа ќе биде најубавиот турнир досега, додаде тој. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан