Англија ја одбрани европската титула за играчи до 21 година по победата над Германија во продолжение
- Репрезентацијата на Англија стана европски шампион до 21 година по втор пат по ред.
Братислава, 29 јуни 2025 (МИА) - Репрезентацијата на Англија стана европски шампион до 21 година по втор пат по ред.
Во финалето на првенството во Словачка, „Трите лава“ ја победија Германија со 3-2 по продолжение и станаа европски шампиони во оваа возрасна група по четврти пат во историјата.
Со својата четврта титула, Англија се најде на третото место по број на трофеи, а повеќе имаат само Италија и Шпанија, кои пет пати станале европски шампиони.
Германија останува на четвртата позиција со три награди. дс
Фото: Архива