Велешките пожарникари изгаснале два пожари
- Како што информираат од ТППЕ Велес, синоќа во 20.13 часот била примена дојава за запалено Патничко Моторно Возило. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излегла на лице место со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. По пристигнување на лице место пожарот бил изгаснат.

Велес, 16 февруари 2025 (МИА) - Велешките пожарникари вчера успешно изгаснале два пожари, едниот на патничко моторно возило и вториот на сува трева на автопатот Скопје-Велес,пред патарината.
Како што информираат од ТППЕ Велес, синоќа во 20.13 часот била примена дојава за запалено Патничко Моторно Возило. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излегла на лице место со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. По пристигнување на лице место пожарот бил изгаснат.
Вчера попладне во 17:17 часот била примена дојава за запалена сува трева на автопат Скопје - Велес пред патарина. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излегла на лице место со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. По пристигнување на лице место пожарот бил изгаснат и било спречено истиот да се прошири.
Воедно апелираат до граѓаните доколку забележат било каков пожар веднаш да се јават на бесплатниот број 193 или 112. ад/нд/
Фото: МИА архива