• петок, 21 февруари 2025

Општина Велес поплочува тротоар на локалниот пат кон село Горно Оризари

Општина Велес поплочува тротоар на локалниот пат кон село Горно Оризари

Велес, 20 февруари 2025 (МИА) - Во соработка со месната заедница од село Горно Оризари, Општина Велес изведува градежни работи на поплочување на тротоар покрај локален пат кон селото, односно од раскрсницата кај поранешната фабрика „Нокатекс“ што се двои кон селото па се до влезот во селото Горно Оризари, одалечено на само неколку километри од Велес.

Како што информират од Општина Велес, за потребите на оваа реконструкција Општина Велес достави 800м² бехатон плочки, 800м рабници, 80м³ тампонски материјал и 1000м² геотекстил, додека пак локалното население од месната заедница учествува со работна рака и механизација за изведба.

Средствата се обезбедини од општинскиот буџет.

-Развојот на руралните средини е неопходен за развој на општината,потенцират од Општина Велес. ад/

 
Фото: Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан