• четврток, 07 ноември 2024

Векиќ прва полуфиналистка на Вимблдон

Векиќ прва полуфиналистка на Вимблдон

Лондон, 9 јули 2024 (МИА) - Хрватската тенисерка Дона Векиќ попладнево ја победи Лулу Сун од Нов Зеланд во четвртфиналето на Вимблдон со 2:1, по сетови 5:7, 6:4 и 6:1.

Мечот траеше 2 часа и 9 минути.

Векиќ сервира 11 аса, направи 6 грешки и реализираше 4 брејк топки од вкупно 8. 

Сан имаше 10 сервиси за поен, 3 двојни грешки и 2 конвертирани брејк топки од 6.

Хрватката во полуфиналето ќе се сретне со победничката од двојката Јасмин Паолини (Италија) - Ема Наваро (САД).

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Лондон изнесува 63,5 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан