• среда, 27 ноември 2024

Ваучери за спортски камп за најдобрите одбојкарки и ракометарки од училиштата во Кисела Вода

Ваучери за спортски камп за најдобрите одбојкарки и ракометарки од училиштата во Кисела Вода

Скопје, 13 јуни 2024 (МИА) - Одбојкарките од основното училиште „Партенија Зографски” и ракометарките од основното училиште „Кузман Шапкарев” кои се победници во општинската лига на спортови денеска остварија средба со градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, од кого добија ваучери за летен спортски камп кој ќе се одвива во Охрид.

Во присуство на своите наставници по физичко воспитување, кои воедно се и нивни тренери, Тамара Стојанова, како и Благоја Кечовски и Дејан Апостоловски, и претседателот на Сојузот на училишен спорт Дејан Стоимановски, спортистките споделија дел од моментите од натпреварувањата и разговараа за нивните спортски амбиции и желби.

-Голема е мојата чест што денес во Општина Кисела Вода имаме талентирани ученици кои знаат да го искористат својот потенцијал. Вашиот успех е доказ за посветеноста, трудот и љубовта кон спортот и ви честитам за освоените титули и постигнатите резултати. Како градоначалник, мојата мисија е да ги поддржам сите млади таленти во нашата општина. Затоа, денес со задоволство ви доделувам ваучер за летниот спортски камп во Охрид. Ова е само мал знак на признание за вашиот труд и поттик за вашата иднина. Кампот ќе биде одлична можност за вас да се развивате, да стекнете нови вештини и да создадете нови пријателства, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Капитенот на ракометарите од ООУ Кузман Шапкарев, осмоодделенката Евгенија Смиљковска на средбата изјави оти се надева на уште поголеми успеси во иднина.

-Горда сум на моите девојки со кои освоивме прво место и сакам да се заблагодарам за можноста укажана од градоначалникот да учествуваме на спортскиот летен камп. Се надевам дека пред нас се уште поголеми успеси, изјави Смиљковска.

Јоана Исајловска, деветтоодделенка од ООУ „Партенија Зоографски” посочи дека и чест што е дел од најуспешниот училишен тим во одбојка во Општина Кисела Вода.

-Чест ми е што сум дел од најуспешниот училишен тим во одбојка во Општина Кисела Вода и што, заедно со останатите одбојкарки од ООУ “Партенија Зоографски”, ќе бидам дел од кампот во Охрид. Очекувам дека таму уште повеќе ќе имаме можност да ги ги унапредиме нашите спортски вештини, да се дружиме и да создадеме убави спомени и затоа, од име на сите, сакам да се забагодарам за наградата, изјави Исајловска. бт/аа/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан