• петок, 05 декември 2025

Вечерва во центарот на Велес ќе бидат пречекани  Коњаниците од Илинденскиот марш

Вечерва во центарот на Велес ќе бидат пречекани  Коњаниците од Илинденскиот марш

Велес, 28 јули 2025  (МИА) - Вечерва во 19:00 часот, коњаницата од Илинденскиот марш  ќе пристигне во центарот на Велес, , каде во чест на великаните од Илинден 1903,  учесниците и домаќините ќе се поклонат  и ќе положат  цвеќе пред споменикот на „Коњаникот“ посветен на  Велешките војвоци  - Илинденци, информираат денеска  од Општина Велес кои го организираат нивното пристигнување во Велес.

Од Општина Велес ги повикуваат сите граѓани вечерва да дојдат кај споменикот на  „Коњаникот“ во центарот на Велес  и да ја пречекаат Коњаницата од Илинденскиот марш.

Тие потсетуваат дека традиционалниот Илинденски марш на Коњаницата ќе заврши на 2 Август во Крушево, на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден. 

Организатор на Илинденскиот марш  е Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978 година” кој и  оваа година го организира традиционалниот Илинденски коњанички марш од Скопје до Крушево,со поминување на повеќе населени места: градови и села каде е пречекувана од локалните власти и граѓаните. ад/ац/

Фото: Плакат

Остани поврзан