Вардар го победи Шкупи на отворањето на 30. коло во ПМФЛ
- Во премиерниот натпревар од 30. коло на Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар попладнево го победи Шкупи на гостински терен со 2:0.

Скопје, 3 мај 2025 (МИА) – Во премиерниот натпревар од 30. коло на Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар попладнево го победи Шкупи на гостински терен со 2:0.
Мато во финишот на првото полувреме им донесе водство на „црвено-црните“, конечниот резултат го постави Матиќ во 70.минута.
По оваа победа Вардар се зацврсти на шестата позиција со 38 бода, Шкупи е седми со 34.
Другите натпревари од оваа рунда се играат утре. Двојките се:
Беса – АП Брера
Гостивар – Пелистер
Работнички – Силекс
Струга ТЛ – Шкендија
Воска – Тиквеш. зс/
Фото: ФК Вардар