• петок, 05 декември 2025

Комплетирано третото коло од Лигата на шампионите

Комплетирано третото коло од Лигата на шампионите

Лондон, 23.октомври 2025 (МИА) – Без изненадување минаа дуелите кои беа одиграни синоќа од третото коло од Лигата на шампионите. Убедливи победи постигнаа: Ливерпул, Челзи, Баерн, додека Реал Мадрид минимално со 1:0 го совлада Јувентус.

Резултати на синоќа одиграни дуелите: Атлетик Билбао – Карабах 3:1, Галатасарај – Бодо/Глимит 3:1, Аталанта – Славија Прага 0:0, Баерн – Бриж 4:0, Челзи – Ајакс 5:1, Ајнтрахт – Ливерпул 1:5, Монако – Тотенхем 0:0, Реал Мадрид – Јувентус 1:0 и Спортинг – Олимпик Марсеј 2:1.

На чело на табелата по трите кола со максимален учинок од девет бодови се пет екипи: ПСЖ, Баерн, Интер, Арсенал и Реал Мадрид. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан