ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации
- Извршниот одбор на Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи денеска да воведе ново натпреварување на националните тимови - Европски ракометни игри - кое ќе стартува од 2030 година.
Виена, 22 октомври 2025 (МИА) – Извршниот одбор на Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи денеска да воведе ново натпреварување на националните тимови - Европски ракометни игри - кое ќе стартува од 2030 година.
„Од 2030 година, осумте најдобри машки и женски репрезентации од Стариот континент ќе се натпреваруваат на Европските ракометни игри, а победниците ќе се квалификуваат за Олимписките игри“, објави ЕХФ.
Новото натпреварување ќе се одржува на секои четири години во септември.
Европските првенства во ракомет за мажи и жени ќе останат непроменети и ќе продолжат да се одржуваат на секои две години.
Деталите за новото натпреварување ќе бидат разработени во декември на состанокот на Извршниот одбор на ЕХФ. ег
ФОТО: Фејсбук