• четврток, 26 декември 2024

Бугарија: ЕСО работи на два нови европски енергетски коридори, изјави директорот на компанијата Ангелин Цачев

Бугарија: ЕСО работи на два нови европски енергетски коридори, изјави директорот на компанијата Ангелин Цачев

Софија, 10 декември 2024 (МИА/БТА) – Надминувањето на тешкотиите и создавањето можности за повеќе инвестиции во енергетските капацитети оди преку развојот на инфраструктурата, а во таа насока Операторот на електроенергетскиот систем (ЕСО) на Бугарија работи на изградба на два нови европски енергетски коридори со цел да се искористи струјата на зелената енергија што е можно поефикасно.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Ова го изјави извршниот директор на ЕСО, Ангелин Цачев, за време на четвртото издание на форумот Powers Summit на кој учествуваат претставници на власта, политичките сили и бизнисот во дискусија за главните предизвици и можности за Бугарија. Настанот се одржува во „Sofia Tech Park“.

Едниот коридор е Исток-Запад и почнува од Турција, поминува низ Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и стигнува до Италија. Временската разлика меѓу Турција и Италија е два часа, а тоа ќе го зголеми количеството енергија од обновливите извори на енергија (ОИЕ) во потрошувачката во пикот во соодветните земји, рече Цачев.

Другиот коридор е Север-Југ и почнува од Грција, поминува низ Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Чешка, Полска и стигнува до Германија. За него идејата е и да се зголеми потрошувачката на енергија од ОИЕ и да се искористи целиот потенцијал на регионот на Југоисточна Европа, појасни Цачев.

Според него, ЕСО на предизвиците одговара со инвестиции. Во последните шест години ЕСО направи значителни инвестиции во развојот на електропреносниот систем во земјата, што ни овозможи да го подигнеме меѓусистемскиот капацитет, кој во моментов е еднаков на просечната дневна потрошувачка, посочи тој.

Тој додаде дека тоа им дава можност на производителите на енергија во Бугарија да ги продаваат своите производи на европските пазари.

Извршниот директор на Националната електрична компанија (НЕЦ), инж. Мартин Георгиев потенцира дека компанијата активно работи на проектите за пумпно складишните хидроцентрали (ПАВЕЦ) „Батак“ и ПАВЕЦ „Доспат“. Според него, тие ќе имаат големо влијание врз електроенергетскиот систем и ќе помогнат за декарбонизација на државата. Тој објасни дека овие проекти ги следат европските трендови ПАВЕЦ да се изградат меѓу брани.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан