• среда, 05 февруари 2025

Петтата група од 33-та бугарска антарктичка експедиција замина на Ледениот континент

Петтата група од 33-та бугарска антарктичка експедиција замина на Ледениот континент

Софија, 4 февруари 2025 - Петтата група на 33-та бугарска антарктичка експедиција денеска полета од аеродромот во Софија со лет за Рим, објави проф. Христо Пимпирев, кој е шеф на бугарските експедиции на Антарктикот и е претседател на Бугарскиот антарктички институт.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Рутата на групата е: Софија - Рим - Буенос Аирес - Сантијаго - Пунта Аренас. Од Пунта Аренас групата ќе биде пренесена на островот Кинг Џорџ со лет на португалската поларна програма ПРОПОЛАР. Таму ќе ги чека бугарскиот истражувачки брод „Свети Кирил и Методиј“ за да ги пренесе до антарктичката база „Свети Климент Охридски“ на островот Ливингстон.

Во групата се: проф. Христо Пимпирев, проф. Георги Валчев, ректор на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, доц. Јуриј Кучев, Кремена Георгиева, претставник на „Кауфланд“, Кирил Кандиларов од лабораториите „Кандиларов“, Љубов Костова, Калин Мутафчиев од МОН, филмска екипа во состав – Јулијана Чалакова, Феими Даут, Волфганг Нопфлер и Данаил Вучков, Елена Георгиева, новинарот Живко Константинов и претставници на Природонаучниот музеј во Пловдив - Кристијан Владов и Стефан Ќуркчиев.

На групата во Јужна Америка ќе и се придружат проф. Бојан Медникаров од Вишата поморска школа „Никола Ј. Вапцаров“ и Александар Недјалков.

Истражувачите на Антарктикот со себе ја понесоа и осветената икона на Пресвета Богородица со младенецот, која на 27 јануари бугарскиот патријарх и митрополит софиски Даниил му ја предаде на проф. Христо Пимпирев за православната црква „Св. Јован Рилски“ во бугарската база на Антарктикот. Ова тогаш го соопшти Бугарскиот антарктички институт.

Потоа во катедралната црква „Св. Александар Невски“ со свечена литургија, патријархот Даниил и посака успешна работа на 33-та бугарска антарктичка експедиција, како и безбедно патување на следната група што заминува.

Како што објави БТА, истражувачкиот брод „Св. Климент Охридски“ (НИК 421) отплови од Варна на својата трета експедиција на Антарктикот на 7 ноември 2024 година и по речиси два месециапловење, стигна до островот Ливингстон на 28 декември. Бугарската антарктичка база „Свети Климент Охридски“ беше отворена за новата поларна сезона на 23 ноември 2024 година.

БТА има национален прес-клуб на бродот и трета година по ред испраќа дописник на Антарктикот. Материјалите на дописничката на БТА Милена Островска се слободно достапни во специјалниот тематски дел на бугарски и англиски јазик # Бугарија - Антарктик и можат слободно да ги користат сите медиуми со повикување на БТА.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

 

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан