• сабота, 23 ноември 2024

Бројот на загинати од ураганот Јаги во Виетнам достигна 233

Бројот на загинати од ураганот Јаги во Виетнам достигна 233

Ханој, 13 септември 2024 (МИА) - Бројот на загинати од тајфунот Јаги во Виетнам денеска се искачи на 233, бидејќи спасувачките тимови пронајдоа уште тела во областите зафатени од поплави или лизгање на земјиштето, јавија државните медиуми.

Националната телевизија објави дека екипите за итни случаи пронашле 48 тела во областа на малото село Лангну во северната провинција Лаокаи, кое беше однесено од вода, кал и камења од планините, додека 39 лица се водат како исчезнати.

Вкупно 103 лица во земјата се уште се водат како исчезнати, а над 800 се повредени.

Јаги е најсилниот ураган во Југоисточна Азија во последните години. Иако во неделата се намали, врнежите продолжија, а нивото на реките остана опасно високо.

Патиштата до Лангну се уништени, поради што е невозможно да се користи тешка опрема во спасувачките операции.

Околу 500 полицајци со кучиња се на терен, а за време на вчерашната посета на местото на настанот, премиерот Фам Мин Чин вети дека нема да се откажат од потрагата по исчезнатите. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан