• вторник, 24 декември 2024

Бргу ќе дадеме конкретна позиција за предлогот на Филипче за затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес, најави Мицкоски 

Бргу ќе дадеме конкретна позиција за предлогот на Филипче за затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес, најави Мицкоски 

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе го анализира предлогот на лидерот на СДСМ Венко Филипче да свика затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес и дека бргу од денеска ќе даде конкретна позиција поврзана со овој предлог.

– Мора и Венко Филипче нешто да каже. Сега тој одбрал тоа да го каже. Во ред е, ќе го анализираме овој предлог на г. Филипче и бргу од денеска ќе дадеме конкретна позиција поврзана со овој негов предлог, изјави Мицкоски, кој заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, американската амбасадорка Анџела Агелер и генералите во Армијата, присуствуваа на методско-показна вежба на Армискиот полигон „Криволак“.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, вчера го повика премиерот Мицкоски да свика затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес. Доколку не го стори тоа, тогаш, како што кажа Филипче во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, СДСМ како пратеничка група во Собранието ќе иницира затворена седница на која ВМРО ДПМНЕ и целокупното владино мнозинство, треба да појаснат дали има план и каков за продолжување на евроинтеграцискиот процес. аа/бак/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан