Боинг ќе исплати 500 милиони долари на семејствата на загинатите во авионски несреќи
- Со фонд од 500 милиони долари авиокомпанијата Боинг ќе ги обештети семејствата на 346 лица загинати во несреќите со авионите на Боингот 737 Макс
Вашингтон, 23 јуни 2021 (МИА) - Со фонд од 500 милиони долари авиокомпанијата Боинг ќе ги обештети семејствата на 346 лица загинати во несреќите со авионите на Боингот 737 Макс.
Фондот е дел од договорот со Министерството за правда на САД. Во јануари, Боинг се обврза да исплати отштета на семејствата на загинатите во несреќата на Лајонер во 2018 и на Етиопија Ерлајнс во 2019 година.
- Секое семејство ќе добие околу 1,45 милиони долари и ќе ги добие парите веднаш штом ќе бидат поднесени потребните документи, соопшти Боинг.
Фондот е само дел од Договорот на Боинг со американското Министерство за правда што е во висина од 2,5 милијарди. Компанијата Боинг е обвинета за лажно издавање сертификати за безбедност на авиони. Договорот и овозможи на компанијата Боинг да избегне судска постапка, но не и тековни граѓански спорови. ми/