• недела, 15 декември 2024

Битиќи: Предложениот буџет го премолучува реалниот дефицит и форсира селективност во однос на платите и пензиите

Битиќи: Предложениот буџет го премолучува реалниот дефицит и форсира селективност во однос на платите и пензиите

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста, ниту нуди одржливи политики што ќе овозможат структурни реформи, економски раст и развој. Поттикнува селективност и прави суштинска неправда кога станува збор за пензиите и платите кај вработените во јавниот сектор, не го прикажува реалниот дефицит и демонстрира крајно игнорантски однос кон експертите. Без инклузивен модел кој ќе ги вреднува сите, предложениот буџет станува монолог на власта, наместо дијалог со граѓаните, оцени денеска пратеникот Фатмир Битиќи.

Во рамки на собраниската расправа, Битиќи укажа дека огромни суми одат на нерационални проекти без каква било економска оправданост, како мебел и возила за функционерите, поради што, рече, „предложениот буџет не се грижи за граѓаните, туку за елитата“.

-Се премолчува реалниот дефицит кој го потхранува јавниот долг. Буџетскиот дефицит од 4 отсто од БДП е јасен показател за неодгворност. Три проценти треба да изнесува максималниот дефицит или во овие вонредни околности може да биде најмногу 3,5 отсто. Дури и овие 4 отсто не ја претставуваат целата слика. Ги нема доспеаните обврски кои се очекува да дотигнат една милијарда евра до крајот на годината. Новата 2025 година ќе ја дочекаме со јавен долг од 70,8 отсто. Золемениот дефицит ќе значи зголемени долгови и поголем товар за секој од нас. Имаме симптом на длабока структурна криза, проблемот не е само во тоа што се задолжуваме, туку и во начинот како го правиме тоа - без план. За само еден месец од 53,8 милијарди денари долгот се зголеми на 56,5 што е 44 милиони евра за само еден месец. Наредната година само за каматите на овој долг државата ќе треба да одвои 20,7 милијарди денари, а тоа значи помалку ресурси за школи, болници, патишта,..., истакна Битиќи.

Тој напомена дека СДСМ не е против растот на пензиите и платите, туку против начинот на кој тоа се прави.

-Нашата критика не е кон растот на пензиите, платите, напротив, секој пензионер засалужува достоинствен живот. Економската одговорност мора да е системска, а не селективна. Бараме инклузивен буџетки модел кој ќе ги вреднува сите. Бараме правичност и инклузивност за сите. Зголемувањето на пензиите е селективна мерка која не ја одразува инклузивноста неопходна за праведно управување со јавните средства. , потенцира Битиќи.

Според него, буџетот треба да создаде економија што ќе одговори на економските предизвици, што ќе креира одржливи политки и што ќе го поттикнува приватниот сектор.

-Треба да се вложува во иновации, а овој буџет покажува јасно отсуство на ваква визија. наместо економска трансформација, внесува дополнителна нерамнотежа. Ги пресликува затечените потреби, но не и оние за забрзување на економскиот раст и развој или структурните реформи. Минималната плата е сведена на математика, а не на човечко достоинство, седењето на страна е класичен пример на неодговорно лидерство на Владата. Суштинска неправда има и во однос на платите во јавниот сектор. Кога инклузивноста треба да биде основен прицноип, сведоци сме на длабока селективност, рече Битиќи.

Реплицираше Малиша Станковиќ, потсетувајќи го Битиќи дека до скоро бил вицепремиер за економски прашања.

-Не дадовме одговор на кјлулното прашање - инфлацијата. и сега вие ни мдржите лекции? Па пред шест месеци бевте вицепремиер, видовме како работевте. Вашата влада во континуитет го зголемуваше буџетскиот дефицит, доспеаните долгови на јавните претпријатија кој ги остави?, кој се задолжуваше за сега да зборувате за камати за задолжување?, најголема селективност кај вработените во јавниот сектор имапе направено вашата Влада, рече Станковиќ. мч/са/

фото: принт скрин

 

Остани поврзан