• сабота, 23 ноември 2024

Битиќи: До крајот на годината Предлог закон за платите на функционерите, за намалувањето од 78 проценти потребен е консензус

Битиќи: До крајот на годината Предлог закон за платите на функционерите, за намалувањето од 78 проценти потребен е консензус

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) - Идната недела или најдоцна до крајот на годината ќе биде готово законското решение со кое Владата предлага да нема зголемување на функционерските плати во март и ќе биде доставено до Собранието, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

- Законското решение, најверојатно, ако не наредната недела, до крајот на годината, ќе го дадеме на Влада. Ќе остане во Собрание да има 61 пратеник, кои ќе се одважат законското решение да го донесат. Поинакво решение нема можност. Кажав дека строго стојам дека не треба да има ново зголемување на функционерските плати од март според методологијата и тоа е најмалку што може да биде направено. И сметам дека тоа не треба да е прашање на разговор со ниту еден друг чинител, рече Битиќи.

Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот за реконструкција и адаптација на просторот доделен на НУ Џез оркестар на Северна Македонија, за намалувањето на платите на функционерите за 78 посто, повтори дека е потребен општ консензус на сите.

- Во 1.260-те функционери има судии, обвинители, градоначалници, 120 пратеници, 20 министри, директори..., Сите треба да се согласат дека сакаат нивните плати да бидат намалени, а гледате дека во суштина во нашето оптество тешко се доаѓа до консензус за уште побитни прашања, а камоли да им земете нешто од буџетот, изјави Битиќи. сс/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан