Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ признава дека успеавме да ја намалиме маржата на струјата
- СООПШТЕНИЕ: „ВМРО-ДПМНЕ признава дека сме направиле добра тендерска постапка бидејќи сме успеале да ја намалиме маржата на добивка која ЕВН ја тарифира кон граѓаните, секако бидејќи е наш резултат и исход од доброто работење ќе го поддржиме тој закон, бидејќи сметам дека се што е добро за граѓаните ќе треба да се поддржи“, вели во интервју за Радио Слободна Европа пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, коментирајќи ги најавите на Христијан Мицкоски за измени на Законот за енергетика, со кои се најавува дека нема да се дозволи зголемување на цена на струјата за домаќинствата.
Скопје, 23 јуни 2024
„ВМРО-ДПМНЕ признава дека сме направиле добра тендерска постапка бидејќи сме успеале да ја намалиме маржата на добивка која ЕВН ја тарифира кон граѓаните, секако бидејќи е наш резултат и исход од доброто работење ќе го поддржиме тој закон, бидејќи сметам дека се што е добро за граѓаните ќе треба да се поддржи“, вели во интервју за Радио Слободна Европа пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, коментирајќи ги најавите на Христијан Мицкоски за измени на Законот за енергетика, со кои се најавува дека нема да се дозволи зголемување на цена на струјата за домаќинствата.
Коментирајќи го раздвојувањето на енергетиката и економијата, Битиќи во интервјуто оценува дека начинот на кој е направено ќе значи враќање во времињата на нетранспарентност и отчетност во владеењето од оваа структура на луѓе.
„Бидејќи во последните седум години се обидувавме секоја една постапка особено кога е поврзана со стратешките сектори и е во полза и интерес на граѓаните тоа да биде на транспарентен начин. Јас само ќе кажам колкава беше дискусијата за стратешките инвестиции во енергетиката кои беа преговарани преку две години во институциите, не надвор од институциите. И имаше дилеми од граѓаните, од сегашната опозиција за тоа како тие ги гледаат стратешките инвестиции во енергетика. И второ мислам дека ќе отвори една Пандорина кутија бидејќи нашата држава се уште нема дефинирано што ќе прави во сегментот рударство како индустрија. Јас се плашам дека се она што успеавме да го направиме во интерес на граѓаните да го елиминираме или не го направиме. Јас само ќе кажам дека имавме две такви инвестиции во рударството за кои граѓаните се изјаснија на референдум и дека не би требало да бидат направени. Станува збор за Казандол во гевгелискиот регион и Иловица. Сметам дека со одвојувањето во такво ресорно министерство дека наскоро ќе ги видиме како се отвораат и ме интересира каква ќе биде реакцијата на граѓаните и одредени организации кон овој феномен. “, вели Битиќи.
Тој посочува дека во одвојувањето на енергетиката и економијата препознава партиски интерес, бидејќи, според него, мандаторот Мицкоски има искуство во сегментот на енергетиката и има желба да покаже дека има знаење.
„Но, сметам дека енергетиката како стратешки сектор би требало да има посебен осврт, но не сум сигурен дека другите сегменти што се припоени кон Министерството за енергетика ќе дадат резултат, бидејќи за тоа немаме стратешка одлука или консензус на државата дека тоа се стратешките интереси во наредниот период на развојот на државата. Ние заедно и со опозицијата три години на Националната развојна стратегија за 20 години, таму не сме докрај дефинирале дека рударството е еден од стратешките сектори“, вели пратеникот Битиќи.
Зборувајќи за тоа што ќе значи за јавниот долг најавеното задолжување на Мицкоски од 1 милијарда евра, Битиќи истакнува дека тоа ќе го зголеми долгот на околу 66% од БДП, а и со другите најави може да се очекува овој процент да се зголеми на околу 70% од БДП.
„Па на граѓаните ќе треба да им се одговори како одеднаш сите коментари дека државата е презадолжена затоа што сме блиску до 60%, која е една рамка која е ставена со договорот од Мастрикс за задолжување, наеднаш 70% задолжување не е проблематично. Второ, сметам дека и мандатарот и партијата и тие на власт ќе треба да одговорат кој бил мандатот за да се испреговара такво задолжување додека биле во опозиција, со билатерална земја без разлика што тоа е земја е членка на ЕУ, бидејќи знаеме дека нивниот бивш лидер престојува во таа земја. Па дали можеби не зборуваме за корозивен капитал кој се враќа во нашата земја под превезот на задолжување“, вели пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интервјуто за Радио Слободна Европа.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: СДСМ