• вторник, 24 декември 2024

Битиќи, Азески и Хоџа на Бизнис-форум во Хрватска

Битиќи, Азески и Хоџа на Бизнис-форум во Хрватска
Загреб, 26 септември 2022 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе присуствува и ќе се обрати на Бизнис-форум со стопански комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска.Бизнис-форумот го организира Хрватската стопанска комора, а ќе учествуваат и претставници од Македонските стопански комори, меѓу кои и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и претседателот на Стопанската комора на севернозападна Македонија Неби Хоџа, како и голем број компании од двете земји.Од кабинетот на заменик-претседателот на Владата информираат дека во рамките на Бизнис-форумот, вицепремиерот Битиќи ќе оствари и билатерална средба со потпретседателот на Владата на Република Хрватска, министерот за море, промет и инфраструктура Олег Бутковиќ. бк/мд/

Остани поврзан