Бербок ја обвини Русија за „цинична игра“
- Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, при пристигнувањето во Малта за состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), ја обвини Русија дека игра „цинична игра“, пренесува ДПА.
Валета, 5 декември 2024 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, при пристигнувањето во Малта за состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), ја обвини Русија дека игра „цинична игра“, пренесува ДПА.
- Точно како што Русија користи бомби и беспилотни летала за напади врз мирот и безбедноста во Европа, (рускиот претседател Владимир) Путин сака истото да го направи и со ОБСЕ, изјави Бербок пред почетокот на дводневниот состанок на Советот на министри на организацијата.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, исто така, присуствуваше на состанокот, но си замина веднашпо обраќањето.
Бербок додаде дека ОБСЕ продолжува да биде клучен дел од гарантирањето на мирот, слободата и безбедноста во Европа.
- Нема да дозволиме Путин да го разнесе нашиот заеднички мир, да го претвори во прав и пепел, ниту, пак, да дозволиме Русија да ја игра својата цинична игра овде без да реагираме на тоа, рече Бербок, отфрлајќи го тврдењето дека изолацијата на Русија е омекната по телефонскиот разговор меѓу Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц.
- Меѓународната заедница мора да продолжи да се спротивставува на руската „хибридна воена игра“, додаде таа. ссм/
фото: ЕПА