Бербок: Нема да бидат испратени германски војници во „жешката војна“ во Украина
- Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска ја повтори изјавата на канцеларот Олаф Шолц дека сегашните дебати за можноста за испраќање на европски мировни сили во Украина се предвремени

Берлин, 18 февруари 2025 (МИА) – Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска ја повтори изјавата на канцеларот Олаф Шолц дека сегашните дебати за можноста за испраќање на европски мировни сили во Украина се предвремени.
- Во таа жешка војна нема да бидат испратени војници, наведе Бербок за германскиот јавен радиодифузен сервис ЗДФ.
Според неа „одржувањето на мирот е европска задача“ потенцирајќи оти каков било договор за Украина не може да се преговара без украинско и европско учество.
Дебатата за испраќање на војници во Украина беше иницирана од изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека во Украина нема да бидат испратени американски војници. ми/
фото: МИА архива