Белорусија одржува воени вежби во близина на границите со ЕУ и Украина
- Тридневните вежби во регионите Гомел и Гродно имаат за цел да ги обучат офицерите и војниците на територијалната одбрана како да ги заштитат соодветните региони и како да дејствуваат во случај на воведување воена состојба, прецизира Министерството во Телеграм.

Минск, 2 април 2024 (МИА) - Белорусија денеска почна воени вежби во регионите што граничат со Украина и две земји од Европската унија - Литванија и Полска, соопшти белоруското Министерство за одбрана, пренесоа британските медиуми.
Тридневните вежби во регионите Гомел и Гродно имаат за цел да ги обучат офицерите и војниците на територијалната одбрана како да ги заштитат соодветните региони и како да дејствуваат во случај на воведување воена состојба, прецизира Министерството во Телеграм.
Белорусија е најблискиот сојузник на Русија. Во текот на изминатите неколку години, односите на Минск со западните соседи и Украина сериозно се влошија, особено откако Москва ја искористи белоруската територија за својата инвазија, што ја почна на 24 февруари 2022 година. сд/
фото:МИА архива