Белград домаќин на Генералното собрание на Здружението на полициски началници од Југоистиочна Европа
- Во Белград денеска се одржува Генералното собрание на Здружението на полициски началници од Југоистиочна Европа на кој ќе биде и претседателот на Интерпол, Ахмед Насер Ал Раиси.
Белград, 12 декември 2024 (МИА) - Во Белград денеска се одржува Генералното собрание на Здружението на полициски началници од Југоистиочна Европа на кој ќе биде и претседателот на Интерпол, Ахмед Насер Ал Раиси.
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Србија ќе биде на чело на регионалниот центар на Интерпол за 15 земји од Југоисточна Европа и оцени дека тоа е историска вест за Србија.
„Србија ќе биде на чело во борбата на Интерпол против организираниот криминал. Ова е одлична, историска вест за Србија“, изјави Дачиќ за РТС.
Според српските медиуми, се очекува претсеадтелот на државата Александар Вучиќ да има средба со шефот на Интерпол. зш/