• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Без струја утре делови од општина Карпош

Без струја утре делови од општина Карпош

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Делови од општина Карпош во текот на утрешниот ден ќе останат без струја.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од „ЕВН“, денеска соопшти дека поради планирани зафати во електро-дистрибутивната мрежа, утре без напојување со електрична енергија ќе останат делови од улиците „Дрезденска“, „Њуделхиска“ и „Осло“.

Од девет до 11:00 часот, корисниците од „Њуделхиска“ - зграда број 2 и „Дрезденска“ - зграда број 15, додека од 10:30 до 15 часот, дел од „Осло“ - парни куќни броеви. бд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан