Без струја делови од Карпош и Ѓорче Петров
- Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, со прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од Карпош и Ѓорче Петров.
Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, со прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од Карпош и Ѓорче Петров.
Во период од 9.40 до 14.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Атинска“, „Борка Талевски“ и „Рузвелтова, спроти „Треска“, во Општина Карпош.
Од 9 до 14 часот прекин во снабдувањето со струја ќе имаат и корисниците од село Волково кон патот до црквата во Ѓорче Петров. сст/хс/
Фото: МИА архива