• петок, 08 ноември 2024

Без работа во изминатата една година во тетовско останале 1157 луѓе

Без работа во изминатата една година во тетовско останале 1157 луѓе

Тетово, 4 март 2021 (МИА) - На подрачјето на Тетово и петте рурални општини има 7588 повеќе невработени, покажуваат податоците на Центарот за вработување ако се споредуваат 2020 и 2021 во овој период. Во март 2020 имало 13194 невработени, додека сега на 28 февруари се евидентирани 7588 повеќе односно 20782 невработени. Поради Ковид-19 кризата без работа останале 1157 лица.

-Во периодот од 11 март 2020 година до 28 февруари 2021 или една година со кризата со Ковид-19 престанок на работен однос во Центарот за вработување се евидентира кај вкупно 1157 луѓе.  Понатаму по однос на прв пат пријавени лица во евиденција на невработени лица до 28 февруари има 2520 невработени лица. Останатите невработени лица се по други основи, информира раководителот на Центарот за вработување во Тетово, Љупчо Апостоловски.

Кај луѓето што ја изгубиле работата најчесто станува збор за вработени во преработувачката дејност и трговијата.

-Според основот на престанокот на работниот однос најголем дел се поради истек на вработување на определено време, а во однос на дејноста на работодавачот најголем дел се од преработувачката дејност и трговијата на голема и мало, информира Апостоловски.

Според евиденцијата вкупниот број на невработени лица 20782 лица се активни баратели на работи и 4608 пасивни баратели на работа.

-Бројот на невработени лица евидентирани во Центарот во однос на претходниот месец јануари 2021 е зголемен во февруари за 310 невработени лица, вели раководителот.

И тетовскиот центар од 15 март започнува со спроведување на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување на пазарот на трудот за 2021 година. ас/нд/

Остани поврзан