Без вода Ново Село, Волково, Кисела Јабука, Орман и Никиштани
- Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 до завршување на интервенцијата.

Скопје, 9 јануари 2025 (МИА) - Поради дефект на улична цевка од ф 400мм на ул.„ 2“ Ново Село бб , денеска без вода ќе останат корисниците од Ново Село, Волково, Кисела Јабука, Орман и Никиштани.
Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 до завршување на интервенцијата. дма/
Фото:МИА архива