Во Демир Хисар се одржа Саем за пчеларство и пчелни производи
- - Денес со особена гордост го отворивме првиот Саем за пчеларство и пчелни производи во Општина Демир Хисар, манифестација која претставува почеток на една нова, убава традиција. Овој саем е можност да им оддадеме признание на нашите вредни пчелари, кои со посветеност и љубов го негуваат пчеларството и создаваат квалитетни, здрави и природни производи. Демир Хисар има голем потенцијал во оваа област, и верувам дека со поддршка и промоција, ќе станеме препознатлива точка на пчеларската мапа на Македонија, истакна градоначалникот Најдовски и додаде дека со саемот директно се придонесува за руралниот развој, локалниот аграр и промоција на домошното производство.

Демир Хисар, 14 јуни 2025 (МИА) - Општина Демир Хисар денеска го организираше и одржа првиот саем за пчеларство и пчелни производи.
Новата манифестација посветена на пчеларите која се очекува да прерасне во традиција ја отвори градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски.
- Денес со особена гордост го отворивме првиот Саем за пчеларство и пчелни производи во Општина Демир Хисар, манифестација која претставува почеток на една нова, убава традиција. Овој саем е можност да им оддадеме признание на нашите вредни пчелари, кои со посветеност и љубов го негуваат пчеларството и создаваат квалитетни, здрави и природни производи. Демир Хисар има голем потенцијал во оваа област, и верувам дека со поддршка и промоција, ќе станеме препознатлива точка на пчеларската мапа на Македонија, истакна градоначалникот Најдовски и додаде дека со саемот директно се придонесува за руралниот развој, локалниот аграр и промоција на домошното производство.
На плоштадот во Демир Хисар со свои штандови се претставија пчелари индивидуалци, а за присутните беше изведена и уметничка програма. мт/лв/
Фото: Општина Демир Хисар