Без вода дел од скопска Автокоманда
- ЈП Водовод и канализација-Скопје известува дека денеска од 09:10 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците од скопската населба Автокоманда, општина Гази Баба.
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - ЈП Водовод и канализација-Скопје известува дека денеска од 09:10 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците од скопската населба Автокоманда, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект ф-100 мм на улица „Ташко Караџа“ 9. Без вода ќе бидат корисниците од улиците „Ташко Караџа“, „Трифун Хаџијанев“ и дел од улицата „Христо Ботев“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:10 часот до санација на дефектот. ир/дма/