Без вода дел од корисниците на ул. „Славејко Арсов“ и висока зона во Пржино
- Корисниците на дел од улицата „Славејко Арсов“ во општина Центар и висока зона од населбата Пржино, односно зградите над чевртиот кат, утре од 8.30 часот ќе немаат вода.

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Корисниците на дел од улицата „Славејко Арсов“ во општина Центар и висока зона од населбата Пржино, односно зградите над чевртиот кат, утре од 8.30 часот ќе немаат вода.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето е поради промена на затворач ф-200 мм на улицата „Славејко Арсов“ и ќе трае до завршување со работните активности.
Фото: МИА архива