• среда, 24 јули 2024

Бајден ќе се сретне со семејствата на американските заложници во Појасот Газа

Бајден ќе се сретне со семејствата на американските заложници во Појасот Газа

Вашингтон, 23 јули 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден подоцна оваа недела ќе се сретне со семејствата на американските граѓани кои Хамас ги држеше како заложници во Појасот Газа.

Тоа ќе биде втор ваков состанок на претседателот по нападот на Хамас на 7 октомври во јужен Израел, кога беа заробени 250 луѓе.

Бајден, кој се опоравува од Ковид-19, во четврток треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој е во посета на Соединетите Американски Држави, соопштија официјални лица. паг/

Фото: ЕПА



Остани поврзан